Мигрантите дивееја низ Берлин, вакви „работници“ сакаат да увезат дел од македонските бизнисмени (ВИДЕО)
Големи немири имаше за време на новогодишната ноќ во Берлин. Нема жени, нема деца, нема Германци, се коментарите на снимките од новогодишната прослава во центарот на Берлин, поточно на Александарплац, централниот плоштад на овој град, а се појавија на социјалните мрежи.
На снимките кои кружат на социјалните мрежи се гледа како мигрантите си играат со своите „колa“ во центарот на главниот град на Германија, а јасно е дека во нивното друштво нема ниту жени, ниту деца, ниту Германци.
Станува збор за мигранти со исклучиво азиско потекло. Но овие мигранти не играле само коло, туку и дивееле низ градот. Откако стана повеќе од јасно дека во ниту една западноевропска земја нема успешна интеграција на миграните кои доаѓаат оа Авганистан, Ирак, Пакистан и северноафриканските земји останува нејасно зошто некои бизнисмени и дел од политичарите во Македонија наместо покачување на платите отворено инсистираат за увоз на вакви „работници“, во нашата земја.
Најмалку 15 полицајци се повредени на новогодишната ноќ низ Берлин, а околу 300 демонстранти се приведени, од кои многумина поради прекршување на Законот за експлозиви, пишува германскиот весник „Билд“. Весникот наведува дека во Горни Палатинату, во Баварија, осумнаесетгодишник починал од повредите со кои се здобил од петарда, наведува весникот.
Во Берлин се повтори минатогодишното сценарио кога избувнаа немири во кои демонстрантите користеа петарди и ракети за огномет, а германската полиција пријави серија напади врз припадници на Итната помош, но и врз обични граѓани.
Иако полицијата процени дека Нојкелн, еден од 12-те берлински области, ќе биде најголемата фокусна точка, се покажа дека областа пред градското собрание во близина на Александарплац стана место на меѓусебни конфликти, каде што околу 500 луѓе, главно млади луѓе меѓусебно се нападнале со петарди и ракети кои ги испукале право во толпата.
Нападнати биле и полицајци, а евидентирани се и неколку апсења. Во болниците во Берлин се примени 10 лица со тешки повреди од пиротехнички средства.
Am Berliner #Alexanderplatz kam es zu einer chaotischen Feuerwerksschlacht. #Silvester2023 pic.twitter.com/6C858w5s27
— BILD (@BILD) January 1, 2024