„Нашиот јуначки репортер во борба за гол живот“, новинар на „ХРТ“ стана предмет на потсмев по јавувањето од Израел
Новинарот и телевизиски водител на ХРТ, Петар Влахов синоќа се јавил во Дневник 2 од Тел Авив, Израел и поради тоа стана предмет на шега на социјалните мрежи. Имено, Влахов известувал за ХРТ легнат на земја во поза на некој врз кого паѓаат бомби со шлем на главата, а зад него лежерно до автомобилот стоеле две жени.
Влахов носел откопчан зелен шлем и не носел панцир, додека другите репортери во Израел носат син панцир со натпис „ПРЕС“ и син шлем бидејќи новинарите во воените зони мора да бидат обележани. Не се знае од каде е зелениот шлем на Влахов.
Тој за Дневник навел дека непосредно пред известувањето бил сведок на ракетен напад на Хамас и дека тој и сите други виделе неколку ракети и морале да излезат од автомобилот.
– Неколку ракети паднаа во наша близина. Моравме веднаш да излеземе од автомобилот и да почекаме да заврши ракетниот удар, кажал Влахов.
Сепак, на социјалните мрежи многумина се посомневале во вистинитоста на неговите тврдења откако во позадина на кадарот се виделе две жени кои прилично опуштено стоеле покрај автомобилот и поради тоа почнале да се шегуваат.