Teжок инцидент се случил вчера во село Секирци, општина Долнени, прилепско кога извесен Фикрет во алкохолизирана состојба со автомобилот влегол во толпа луѓе.
Голем број жители на ова и околните долненски села вчера за Спасовден биле собрани на прослава, кога од нигде никаде дошол извесен Фикрет од село Пешталево и според кажувањето на мештаните, лудувал со автомобилот, а насобраните луѓе бегале да спасат жива глава, ПРЕНЕСУВА ПОРТАЛОТ markukule.mk.
Меѓу насобраните жители имало и дваесетина дечиња, кои преплашени од разбеснетиот возач бегале и плачеле. После тоа организаторите на прославата повикале полиција, а пијаниот возач направил инцидент и пред полициските службеници, удирајќи еден од организаторите со тупаница, на што според кажувањето на присутните, униформираните лица не реагирале.