Жена пријавила во полиција дека невенчаниот сопруг подолго време ја допира по телото нејзината малолетна ќерка од првиот брак. Мажот бил задржан во полициска станица.
– Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера (8 мај), околу 16.45 часот го лишиле од слобода 51-годишниот М. Б. од гостиварско село, кој во 13.15 часот бил пријавен од својата 40-годишна невенчана сопруга, со која живееле заедно, дека подолго време ја допирал по телото нејзината малолетна ќерка од првиот брак, информираат од МВР.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.