Избор на уредникотМакедонија

Во скопски Чаир споменик на УЧК во Вејце искршена плочата на бранителите

Додека во скопски Чаир години наназад постои споменикот на УЧК и за него ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту СДСМ не смеаат ни збор да кажат, во Вејце не смее да има спомен плоча на загинатите македонски бранители. Искршена е новата плоча со имињата на осумте припадници на на македонските безбедносни сили, кои загинаа во маскарот кај Вејце, а беше поставена таму на 28 април од политичката партија Левица. На фотографијата објавена од партијата се забележува дека се уништени цвеќињата и свеќниците.

– Со племенски манири, територијални претензии и никаков соживот нема чекор кон Европа и светот. Во 21 век кога светската цивилизација претендира да се колонизира на Марс, Албанците од Tетово преку вандализам и рушење на сé што е македонско се враќаат во камено доба. Имено, осквернавени се поставените плочи во чест на масакрираните бранители во Вејце од 2001 година, кои ги поставија лидерите на Левица, Апасиев и Крмов, но и другите присутни. Секоја година сликата е иста, а државниот врв е нем и глув на уринирањето врз историјата и државноста од страна на албанското малцинство кое дивее врз државата која ги храни и вдомила. Сите функционери целите кон Европа и Запад, а самите знаете дека со ваков „соживот“ не се оди никаде. Се сликате по медиуми и со претставници на европската заедница, а општеството ви е труло. Вечна им слава на македонските бранители, гробот вечно ќе им се знае, бидејќи не можете толку да искршите колку што ние може да поставиме, велат од Левица.

Во петокот повеќе претставници на партии, организации, здруженија, МВР, Армијата и други оддадоа почит кон војниците и полицајците на местото каде ги загубиле животите во 2001 година во близина на Вејце.

На 28 април 2001 беа убиени четворица припадници на воената единица „волци“ и полицајци при ОВР Битола – Роберт Петковски (27) Игор Костески (26) Миле Јаневски (30) Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).

Поврзани вести

Back to top button