Го удрила по глава, па го турнала во река, 17 – годишна девојка осомничена за убиство на 16 – годишно момче
Седумнаесетгодишна девојка е осомничена за убиство на 16-годишиното момче, кое вчера наутро беше најдено мртво во реката Пена кај месноста Бањиче близу Тетово. Ова по увидот го соопштија од Обвинителството.
– Осомничената 17-годишна девојка со умисла лишила од живот дете на возраст од 16 години. По вербална расправија во автомобил кај местото викано Бањиче таа со остар предмет го удрила оштетениот во главата неколку пати, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Потоа го турнала во реката Пена, а лицето било пронајдено починато по течението на реката. Надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор, соопшти денеска Службата за односи со јавноста при Јавното обвинителство.
Седумнаесетгодишната девојка е од тетовско Рогле, а полицијата за настанот вчера направила службен разговор со уште едно малолетно машко лице од Тетово.
-На 22.12.2022 во 14:00 часот во СВР Тетово бил извршен службен разговор со 17-годишна малолетничка од тетовско Рогле. Исто така, во врска со настанот, во присуство на родител, претставник од Центар за социјални работи, адвокат и медицинско лице бил извршен разговор и со 17-годишен малолетник од Тетово, соопшти СВР Тетово
Убиеното момче е од Ново Село, Општина Желино. Неговиот татко во средата околу 16 часот пријавил дека се оддалечил од дома со автомобил. Возилото беше најдено околу 02.20 часот, во близина на угостителски објект на место викано „Бањиче“, додека безживотното тело околу 7 часот вчера наутро.