Избор на уредникотМакедонија
Евакуиран скопски ГТЦ, вработените панично бегаат (ВИДЕО)
Посетителите и сите вработени во ГТЦ во центарот на Скопје изутринава беа евакуирани, откако управата на Центарот добила дојава за поставена бомба.
Полициски екипи за антитероризам се појавиле во трговскиот центар и им наредиле на граѓаните да го напуштат ГТЦ.
Дојава за бомба добиле и вработените на МНР, па и таму се спроведува евакуација на вработените.
Изутринава има повторно јавувања за бомби во некои средни училишта, како во гимназијата „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Јосип Брос Тито“ и средното техничко училиште „Владо Тасевски“ во Аеродром.
Дојава за поставена експлозивна направа била испратена утрово и во основно училиште во Кавадарци, информираше СВР Велес.