Лејла Екрен сведочела дека нејзината мајка Алисон Флук-Екрен ја злоставувала неа, нејзините браќа и сестри и дека ја омажила како „сексуална робинка“. Мајка и на 13 години, наведува Лејла, ја предала на борците на ИСИС за да добие поголема моќ во терористичката организација.
Алисон Флук-Екрен од Канзас, која водела женски баталјон на ИСИС во Сирија, е осудена во вторникот на 20 години затвор во сојузната судница во Вирџинија.
Во јуни признала вина по една точка на обвинението – заговор за поддршка на ИСИС. На судијката и рекла дека не знаеле дека меѓу жените кои ги водела и обучувала да користат оружје и експлозиви имало и деца. Некои девојчиња, имено, имале само 10 години, наведува „CNN“.
Имено, во текот на годините соработка со ИСИС, обучувала други жени да користат „AK-47“, гранати и самоубиствени појаси.
На расправата за казната во вторникот, обвинителот Раж Парек ја нарекол Флук-Екрен „царица на ИСИС“, која ги испрала мозоците на младите девојки и ги обучувала да убиваат.
„Станала злобна визионерка на ИСИС“, рекол Парек па додал дека Флук-Екрен имала мисија да создаде исклучиво женски баталјон. „Привлекувале смрт и уништување“, рекол тој.
Во текот на сослушувањето во вторникот, една од нејзините ќерки и помагала на американската влада во постапката против нејзината мајка. Лејла Екрен сведочела дека нејзината мајка Алисон Флук-Екрен ја злоставувала неа, нејзините браќа и сестри и дека ја омажила како „сексуална робинка“. Мајка и на 13 години, наведува Лејла, ја предала на борците на ИСИС за да добие поголема моќ во терористичката организација.
Нејзината мајка, рекла Екрен, имала жед за моќ и мрачни желби. Алисон Флук-Екрен сведочела дека била ужасната од обвиненијата за злоставување на деца и тврди дека тоа никогаш не се случило.
Во сведочењето пред судот, се претставила како мајка полна со љубов и чувар на секоја заедница во која ќе се најде. На судијката и рекла дека нејзините сопрузи, од кои неколкумина починале борејќи се за ИСИС, ја одвлекле со себе во Либија и Сирија.
Истакнала дека само ги обучувала жените на техники за преживување, сигурност со оружје и самоодбрана. Пред да и ја изрече казната, окружната судијка Леони Бринкем рекла дека нејзиното сведоштво не го смета за веродостојно, додавајќи дека самоубиствените елеци не се одбранбено оружје.