Избор на уредникотСвет

Бизарен прилог на ХРТ: Девојка од Србија го научила хрватскиот јазик, а веќе оди и на јазични натпревари

Неделава на Хрватската радио телевизија беше емитуван еден навистина бизарен прилог за девојка од Србија која, верувале или не, успеала да го научи хрватскиот јазик!

– Толку добро да научите еден јазик за само три години, па дури и да одите на натпревари, е успех и за врвните лингвисти. Тоа го постигна седумнаесетгодишната Теа Лончар од Карин, која српскиот јазик го замени со хрватскиот јазик откако нејзиното семејство од Србија се пресели во Хрватска. Таа е најдобра ученичка во средното училиште во Обровац и нема намера да застане тука, се наведува во прилогот на ХРТ кој го направи новинарот Еди Шковрr.

– Бевме многу внимателни што и како зборуваме пред Теа затоа што таа го анализираше секој наш збор, рече Шковрг, со што уште еднаш ги тероризираше граѓаните на Хрватска со јазичниот пуризам воведен од владата на Фрањо Туѓман и поради кој Хрватите постојано живеат страв да не кажам нешто погрешно, особено да не се користи некој „србизам“.

Прочитајте и…  Трагедија во Романија: Новороденче почина по крштевањето, го потопиле трипати во вода

Но, дали е фасцинантно тоа што некој од Србија успеал да го „совлада хрватскиот“?

– Фасцинантно е како таа успеа да го совлада хрватскиот јазик. Сега ќе оди и на натпревар, рече класната раководителка на Теа, Ивана Шегариќ.

Во секој случај, тоа што е вистински фасцинантно е што ХРТ сними ваков прилог, а уште позабавен е фактот дека тимот којшто стои зад овој јазичен прилог не ја знае разликата меѓу дијалектите и јазиците, па дијалектот на којшто зборуваат луѓето од Крушевац се претставува како српски јазик.

Извор: Индекс.хр

Поврзани вести

Back to top button