Избор на уредникотМакедонија

Швајцарија воведе десетдневен карантин за сите патници кои доаѓаа од Македонија

Секој патник кој со авион од Македонија ќе слета на кој било швајцарски аеродром или со автомобил или воз влезе во Швајцарија од денеска ќе мора да помине 10-дневен карантин. Ова е најновата одлука на Швајцарија, земја која оваа листа ја менува на секои 14 дена.

Последните податоци за смртноста на заразените пациенти од ковид-19 во Македонија, ја стави нашата земја на оваа листа на која се и Полска, Хрватска, Србија, Словенија, Португалија, САД…

Од Меѓународниот аеродром Скопје и од аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, летовите до Базел и до Цирих во Швајцарија, функционираат нормално. Визер лета редовно до Базел, додека Чер ерлајнс (Chair Airlines) до Цирих, од двата македонски аеродроми. Во моментов нема никаква најава од авиокомпаниите дека ќе ги запрат летовите до овие дестинации, велат од ТАВ аеродорми.

Поврзани вести

Back to top button