Маск: Вештачката интелигенција ќе ги надвладее луѓето за помалку од пет години
Технолошкиот магнат Илон Маск предупреди дека вештачката интелигенција може да ги „надвладее“ луѓето во следните пет години.
Ова предвидување претставува значителна ревизија на претходните проценки на таканаречениот „технолошки сингуларитет“, односно моментот кога вештачката интелигенција (AI) ја надминува човечката интелигенција и се развива со неразбирлива брзина.
Технолошкиот експерт и футурист Реј Курцваил неодамна процени дека тоа нема да се случи до 2045 година, на основа на експоненцијалниот напредок на технологијата, односно роботиката, компјутерите и напредокот во развојот на вештачката интелигенција. Сопственикот на „Тесла“, се чини, не се согласува со ова.
“Мислам дека многу паметни луѓе ја игнорираат вештачката интелигенција затоа што мислат дека компјутерот никогаш нема да биде толку паметен како нив. Ова е, се разбира, е лажна претпоставка предизвикана од суетата”, рече Маск за Њујорк Тајмс.
„Одиме во ситуација кога AI е многу попаметна од луѓето и мислам дека ќе се случи за помалку од пет години. Ова не значи дека ќе оди се во пеколот за пет години, туку се ќе ни изгледа чудно и нестабилно“, додаде тој.