Мистерија која до денес никој не успеал да ја разоткрие: Воз со патници влегол во тунел и засекогаш исчезнал
На 14 јули 1911 година, компанијата “Занети” им понудила бесплатно возење на богатите Италијанци во склоп на својата рекламна кампања за новиот воз. 106 патници уживале во возењето, разгледувајќи ги прекрасните пејсажи на Италија, а особено се радувале на проаѓањето низ новоизградениот тунел, еден од најдолгите и најголемите во тоа време.
Од тој момент започнува мистеријата. Возот влегол во тунелот во Ломбардија, но никогаш не излегол од истиот. Работниците и полицијата го пребарале секој центиметар од тунелот, но не успеале да пронајдат ништо.
Возот немало каде да оди, освен да излезе од другата страна. Немало ни знаци на несреќа. Сепак, биле пронајдени двајца патници кои скокнале низ прозорците пред влегувањето во тунелот.
“Слушнав пригушено мрморење и во еден момент згогледав бел чад кој буквално го проголта целиот воз. Беше толку застрашувачки што се испаничив и скокнав низ прозорецот. Видов дека по мене скокна уште еден”, рекол еден од преживеаните. Човекот пател од несоница и трауми уште некое време по тоа.
Во текот на Втората светска војна, овој тунел бил бомбардиран и засекогаш затворен. Никој не можел да го објасни овој неверојатен феномен. Дури имало и сведоци кои рекле дека виделе како возот влегува во тунелот, но не излегува надвор. Во неколку извештаи пишува дека патниците од возот “Занети” биле видени во Мексико.
Психијатар од една локална болница тврдел дека во 1845 година, 104 Италијанци биле примени во “хистерична состојба”. Сите биле облечени во чудна облека и тврделе дека патувале од Рим. Еден од патниците, наводно, имал цигари на кои пишувало “1907 година”. За кутијата цигари се верува дека сè уште се чува во мексикански музеј. Нема конкретни докази за овој случај во Мексико, ниту е познато што се случило со пациентите.
На 29 октомври 1955 година, наводно се појавиле три вагони во едно село во Украина. Пјотр Устименко, железнички работник, тврди дека тие биле бесшумни, а описот на возот што тој го дал одговара на возот “Занети”. Возот, со цврсто затворени ролетни, отворени врати и празна возачка кабина се движел бавно и потполно бесшумно.
Возот бил виден неколку пати на различни дестинации и во различни временски периоди. Дури и денес, луѓето не престануваат да го истражуваат чудниот феномен на возот “Занети”.