Џеф Безос за еден ден заработи 6,3 милијарди долари
Имотот на најбогатиот човек на свеот, лидерот на американската корпорација „Амазон“, Џеф Безос, се зголеми за 6,3 милијарди долари во само еден ден поради рекордното достигнување на цената на акциите на корпорацијата, објави на својата интернет-страница магазинот „Форбс“.
Како што се наведува, вчера на „Волстрит“ цената на акциите на најголемата светска онлајн-компанија порасна 5,3 проценти, 6-процентен раст еден ден претходно, на рекордни 2.238 долари. Во текот на денот цената била и повисока – 2.290 долари.
Така, богатсвтото на Безос, кој има удел од 11,2 проценти во корпорацијата, во еден ден се зголемило речиси 6,3 милијарди долари и сега изнесува 138 милијарди долари, проценува „Форбс“.
Профитирала и неговата поранешна сопруга Мекензи Безос, која по разводот од милијардерот, стана една од најбогатите жени во светот. Нејзиното салдо, поради растот на цената на акциите, сега е поголемо за 2,2 милијарди долари, односно изнесува 44,8 милијарди долари.