Избор на уредникотМакедонија

Кокаинот во Крушопек пронајден во пакет со банани

Во полициска акција во Крушопек, кај семејство кое формално се занимава со трговија на банани најден е околу еден килограм кокаин, а не еден тон.

Информацијата ја потврди и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој на социјалните мрежи соопшти дека во селото се преземал широк спектар на оперативни мерки и активности и повеќе детали најави за утре..

Неофицијално, станува збор за меѓународен ланец за троговија со дрога, чија вкупна количина е 1,3 тони кокаин, а во земјава е запленет еден килограм контролирана пратка од оваа дрога..

Кокаинот е запленет во магацин за овошје во Крушопек, а како што информира МИА од извори во МВР, приведени се возачите на камионот и сопственикот на магацинот, а се трага и по други лица..

Освен македонската, во акцијата вклучени биле и италијанската и црногорската полиција.

Поврзани вести

Back to top button