Компјутерџија не вели ни „добар ден“ без плата од илјада евра месечно
Податоците на Државниот завод за статистка покажуваат колку изнесува просечната плата во различни дејности. Може да се забележи дека некои врабтени се многу посреќни, кога станува збор за тоа колку е платено нивното работно место.
На врвозт според добри плати се програмерите. Платата во секторот „компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности“ во октомври изнесувала 60.899 денари.
На второ место е секторот „производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати“ со просечна плата од 46.713 денари, а на третото место секторот „воздухопловен транспорт“ со просек од 45.683 денари. Следуват секторите „финансиско-услужни дејности“, 44.345 денари и „телекомуникации“, со 40.153 денари.
Инаку, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2019 година, била 25.726 денари. Тоа е раст за 3,7 отсто во однос на кистиот месец претходната година.