Почнуваат Божиќните пости: Ова се правилата за постење, еве што треба да јадете секој ден
На 28-ми ноември започнуваат Божиќните пости кои траат 40 денови, пред големиот празник Рождеството Христово Божик, на 7-ми јануари. Денешниот ден, 27 ноември, се нарекува уште божикни поклади. Овој ден е и денот на споменот на Апостол Филип.
Православната црква запишала дека Божиќниот пост е востановен за да верниците можат, во пресрет на Рождеството Христово, да се исчистиат себеси со покајание, молитва и пост, и со чисти срца, душа и тело, благоговејно да Го пресретнат Синот Божји што се јави во светот, принесувајќи му го, наместо обични дарови и жртви, чистото срце на верниците и желбата за последување на Неговото учење.
Секој пост има правила, во кои денови се пости стого, а во кои денови е дозволено масло, вино и/или риба. Верниците строго се придржуваат на црковните правила.
Во продолжение погледнете ја табелата со годинашните датуми, празници и правила за постење на Божиќните пости.