Избор на уредникотМакедонија
Македонија е рангирана на 19-то место во светот како најдобра винска туристичка дестинација
Македонија е рангирана на 19-то место во светот како најдобра туристичка дестинација за љубителите на вино.
Британскиот сајт за патувања „lastminute.com“ рангирал 30 држави-производители на вино, според тоа дали имаат лозја отворени за посети и дали се организираат дегустации, какви меѓународни награди имаат локалните вина, просечните трошоци за патување до соодветната држава (со почетна станица Лондон) и просечните трошоци за хотел и храна во неа, како и за тоа каква е просечната температура на воздухот.
На прво место на ранг-листата е Италија со 33 лозови региони, што примаат туристи, 994 винарии за дегустација и 19 илјади награди за винопроизводителите. Втора е Франција, а на трето место Шпанија.