ЖивотЗдравје

Една лажичка од ова масло дневно го намалува ризикот од рак и инфаркт

Само една супена лажичка од ова масло на ден може да ви помогне да живеете подолго, тврдат експертите. Станува збор за маслиновото масло, кое е клучна компонента на медитеранската исхрана и кое важи за една од најздравите намирници во светот.

Д-р Сара Бревер и диететичарката Џулиет Келов се авторки на книгата “Eat Better Live Longer” во која тврдат дека ова масло може да ви го продолжи животот. Маслиновото масло содржи антиоксиданси кои можат да помогнат во превенција или забавување на растот на канцер и да го намалат ризикот од срцев и мозочен удар – две болести кои се одговорни за најголемите смртни случаи во светот.

И додека го намалува нивото на холестерол, крвниот притисок и болестите поврзани со годините, маслиновото масло ги подобрува когнитивните функции, велат експертите.

Една супена лажичка масло содржи околу 100 калории, така што треба да го консумирате во умерена количина. Бревер и Келов предлагаат да консумирате една лажичка на ден.

Исто така, маслиновото масло има висока содржина на мононезаситени масти кои помагаат во намалување на холестеролот и го елиминираат ризикот од појава на срцев и мозочен удар. Тоа е богато и со витамин Е кој е одговорен за убава кожа, здрави очи како и за зајакнување на имунолошкиот систем.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button