ВИДЕО: Спортист спречил масакр! Со голи раце скокнал на напаѓачот – “Ќе мора да се помачи за да ме убие”
Четворица биле убиени, а тројца ранети во пукање во Нешвил, кога Травис Реинкинг отворил оган во ресторанот “Куќа на вафлите”. Поголема трагедија спречил 29-годишниот Џејмс Шо, кој го разоружил напаѓачот.
Шо, инаку квотербек во американски фудбал, најпрво се сокрил во тоалетот на ресторанот, но напаѓачот пукал низ вратата, повредувајќи му ја раката.
“Го удрив со вратата и пиштолот му беше заглавен”, рекол тој. “Го фатив и го фрлив преку пултот. Потоа го извлекол од ресторанот”, вели Шо.
“Кога влезе, точно се сеќавам дека си помислив дека ќе мора да се помачи за да ме убие. Имав можност да го спречам, и за среќа, успеав”, им рекол Шо на новинарите.
“Тој е херој тука, без сомнение спасил многу животи”, рекол портпаролот на полицијата во Нешвил, Дод Арон. Полицијата рекла дека Реинкинг побегнал.
“Мажот за кој се верува дека е Тревис Реинкинг, последен пат бил виден во близина на ресторанот во црни пантолани и без кошула”, вели полицијата.
29-годишниот Реинкинг влегол во ресторанот “Куќа на вафлите” во Нешвил во околу 3:30 часот наутро по локално време и отворил оган од пушка “AR-15”. Неколку луѓе погодил, а потоа му се заглавила пушката, момент кој го искористил Џејмс Шо, кој се нашол во ресторанот.