ЖивотЗдравје

Седум зачини и билки во борбата против ракот

Благодарение на нивните антиоксидантни дејства, зачините како нане, чили пиперките, лук и ѓумбирот докажано дејствуваат како превенција, но исто така помагаат во лекувањето на пациентите со рак.

Ѓумбир

Ѓумбирот е стар народен лек кој традиционално го користат жителите на северозападна Европа, а се почесто се користи и во нашата земја. Со него се лечат бројни здравствени проблеми, од настинки до запек, а може да се користи сушен или свеж. Истражувањата покажуваат дека ѓумбирот дејствува противвоспалително и е одлична превенција против рак на белите дробови и дигестивниот систем, а често се користи и по хемотерапијата, бидејќи ги намалува мачнините и во комбинација со медот го зајакнува имунитет.

Рузмаринот го враќа апетитот

Рузмаринот е традиционален медитерански зачин и е одличен извор на антиоксиданси. Тој најчесто се додава во супи, сосови со домати и печено месо. Одличен сојузник е во детоксикација на организмот и може да се користи како чај. Ја стимулира работата на црниот дроб, а тој ги исфрла токсините од телото, па е превенција во настанокот на рак на црниот дроб, бубрезите и панкреасот. Го стимулира апетитот и помага при повторното враќање на физичката сила кај третманот при лекување на ракот.

Куркума како превенција од рак на дојка

Куркумата е природен антисептик кој доаѓа од Далечниот Исток, а со векови се користи како помош за лекување и дезинфекција на рани и лекување на ревматизам. Неодамнешните студии покажаа дека куркумата го забавува развојот на мултиплекс склерозата, а исто така делува како превенција од рак на простата, рак на дојка, меланоми и леукемија. Помага во прочистување на крвта од токсини, може да дејствува заедно со лекови, па се советува нејзина употреба после хемотерапија, а не за време на истата.

Чили го забавува растот на клетките на ракот

Чили пиперката, каенската пиперка и фефероните спаѓаат во родот на лути пиперки богати со капсаицин. Тие делуваат антивоспалително, го поттикнуваат здравото варење и го спречуваат формирањето на полипи во цревната слузница. Покрај тоа, студиите покажуваат дека луѓето кои редовно користат чили ретко страдаат од рак на простата. Пиперките се богати со витамини А и Ц, тие го јакнат имунолошкиот систем и го спречуваат растот на клетките на ракот.

Лук за спречување на рак на бели дробови

Лук исто така е наречен и природен антибиотик, а од античките времиња се користи за лекување и превенција на здравствени проблеми. Студиите потврдија дека луѓето кои јадат редовно лук имаат помал ризик од канцерогени процеси во телото, а тој е особено корисен во спречување на рак на белите дробови и ракот на дојка.

Нане за закрепнување по зрачење

Чајот од нане се користи со векови за ослободување од грчеви, проблеми при варењето и дијареа, а сега е познато дека помага во третманот на нервозно дебело црево и ја спречува појавата на рак на дигестивниот систем. Нането смирува и гастритис, но исто така ја зајакнува слузницата на желудникот, па таа станува поотпорна на настанување на чирови. По терапијата со зрачење, чајот од нане се користи за да го забрза закрепнувањето на организмот.

Kамилицата ја спасува слузницата

Камилицата, која најчесто се користи во чаевите е најдобро позната по своите смирувачки ефекти, па се користи како помош за успивање и ублажување на грчеви. Редовното пиење камилицата ја балансира pH вредноста на телото и го намалува ризикот од сите видови на рак, а е многу корисна за лекување на рани во устата по третман за лекување на рак на јазикот и грлото.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button