Македонија

Поранешниот грчки министер за надворешни работи Теодорос Пангалос: Добар Турчин е мртов Турчин

Поранешниот грчки министер за надворешни работи Теодорос Пангалос предизвика бура од коментари откако изјави дека „добар Турчин е мртов Турчин“ во радио-интервју утринава, пишува Експрес.

Говорејќи за радио „Скај“, Пангалос рече дека Грција се соочува со „огромен“ проблем со Турција. „Непријателот е немилосрден … без оглед колку добро покажуваме“, рече тој.

„Единствен добар Турчин е мртов Турчин. Верувам ова, бидејќи не наидов на добар Турчин. Тие немаат основна благодарност. Турчинот нема смисла за правда“, рекол Пангалос како што прпренесува „Катимерини“.

Пангалос, кој беше министер за надворешни работи помеѓу 1996 и 1999 година, е познат по низата контроверзни коментари.

При посета на Скопје на средба со министерот Александар Димитров, тој за партијата „Виножито“ и постоењето на македонско малцинство во Грција реќе дега тоа е мала група пе*дери“.

За Германија рече дека е „диносаурус со мал мозок“ и ја обвини Турција дека „ги влече своите крвави чизми низ теписите на Европа“.

Во 2010 година, тој рече дека мора да има заедничка одговорност меѓу политичарите и граѓаните за грчката криза бидејќи „Ги изедовме [парите] сите заедно“.

Во 2013 година, тврдеше дека Грција ги прислушувала на американските амбасадори во Атина и Анкара кон крајот на 1990-тите.

Во 2014 година Пангалос рече дека не сака на постери да го гледа лицето на кандидатот на СИРИЗА за гувернер на Атина, Рена Дуру.

Поврзани вести

Back to top button