Порака од српското до грчкото свештенство за Македонија: „Никој нема право да одзема име и јазик на еден народ и една држава“
-Не е баш така браќа Грци – им порача српскиот отец Петар Драгојловиќ на своите грчки браќа во Христа, откако на протестите во Атина се појавија и грчки свештени лица и црковни великодостојници, кои го поддржа националистичкиот протест против Македонија
-Епа не е баш така браќа Грци. Со сета почит, не може Македонија да е само Грчка. Егејска Македонија е грчка бидејќи денес таму главно живеат Грци и припаѓа на грчката држава. Вардарска Македонија е Македонска и таа држава се нарекува Република Македонија. Никој нема право да одзема име и јазик на еден наорд и една држава. Во Република Македонија 80% од населението се Македонци, и не се ниту Грци, ниту Бугари ниту Срби.
Во неа мнозинскиот народ е македонски. Како што во Пиринска Македонија мнозинството се Бугари. Што значи, Македонија е територија на три држави и многу народи кои живеат во тие три држави, но главно Грци, Македонци и Бугари. Мене како Србин и првослвен игуемн кој живее во Србија, Македонците ми се драг и посебен народ, кои имаат своја држава, свое име, своја нација, свој јазик, своја историја.
Исто така, ги сакам и ценам Грците и Бугарите, но не поддржувам ничиј елитизам или етношовинизам, било тоа да е кај поединци во секој народ, или кај некои поголеми групи од секој народ. Ниту српскиот, ниту бугарскиот, ни грчкиот, ни македонскиот. А паролата – Македонија е Грчка – е, му се допаѓа тоа неколму или не, шовинистичка и елитистичка. Грицте немаат право да ја присвојуваат цела Макдонија, ниту да имаат ексклузивитет на нејзиното име. А, оној кој и малку знае историја, знае дека дури и античките Македонци, зборували потполно различен мајчин јазик од Грците, односно биле различен народ од Грците. Така да Грците не можат да присвојуваат ниту антички Македонци, а не можат ниту денешните Македонци и денешната Република Македонија – пишува игуменот Петар Драгојловиќ на својот ФБ профил.