Свет

Пред очите на децата ја избодел сопругата 16 пати, затоа што го прифатила Христијанството!

Одлуката да ја промени својата вера од Ислам во Христијанство била фатална за младата Авганистанка која што била брутално убиена од својот сопруг.

33-годишниот авганистански мигрант вчера беше обвинет во јужна Германија за убиство на својата сопруга во супермаркет и тоа пред очите на нивните деца. Тој со ладно оружје ја избодел сопругата дури 16 пати и ја шокираше цела Германија.

Жртвата која што исто така е од Авганистан, се преобратила на Христијанство и го повикала својот сопруг да го стори истото, откриваат германските медиуми кои што се повикуваат на информации од обвинителството.

Осомничениот за убиството кој што инаку е муслиман, на првото појавување на судот изјавил дека не се сеќава што се случило во продавницата во април минатата година во малиот германски град Приен Ам Хиемсе.

Сепак, пред да започне целиот судски процес, тој јасно порачал дека свесно го извршил бруталното убиство на својата сопруга и откако ја убил, тој изјавил дека се чувствувал „полесно“.

Како што пренесуваат германските медиуми, тој збеснал поради тоа што неговата сопруга ја променила верата и му рекла и тој да го прифати Христијанството, па затоа одлучил да ѝ го одземе животот.

Несреќната жена која што добила 16 убодни рани од нож, починала на патот кон болницата.

Минатиот месец, 15-годишен мигрант исто така од Авганистан, ладнокрвно ја избодел својата поранешна девојка која што била Германка на негова возраст. Тој ја шокираше Германија откако поранешната девојка ја нападнал со кујнски нож сред продавница, а таа непосредно после нападот им подлегнала на повредите.

Поврзани вести

Back to top button