Избор на уредникотСвет

Поранешен војник на САД открива: Помогнав да се создаде Исламската држава

Поранешен припадник на морнарската пешадија на САД Винсент Емануел откри, дека додека бил на служба во Ирак, помагал да се создаде ДАЕШ, или познатата Исламска држава, пренесе Sputniknews.

Поранешниот војник се сеќава како неговите соброци им се обраќале на Ирачаните. Тој ги опишува ноќните рации, зборува за тоа како луѓето фаќале заробеници, им ги врзувале рацете, им ставале кеси на глава, ги носеле далеку од дома и не ги пуштале долго време.

„Ги опишав случките на чии сведок бев во Ирак за време на својот долгогодишен ангажман. Моите соборци убиваа невини, мачеа незаштитени цивили, им ги уништуваа имотите и масакрираа мртви тела. Тие со автомобилите поминуваа низ мртвите тела, се смееа и се фотографираа. Длабоко во себе сфатив: ова што го гледам не е во ред, не е морално, е неправедно и незаконско. Освен тоа, знаев дека не чекаат сериозни последици… И сега имаме ДАЕШ. Најважната работа која треба да ја сфатат граѓаните на САД и Западот е дека ние сме извор на ова насилство и хаос“, рекол Винсент за Russia Today.

Инаку ИД го прошири влијанието на голем дел од територијата на Блискиот исток, а се верува и дека контролираат делови од Северна Африка.

Поврзани вести

Back to top button