Скопје е град на џезери што лудуваат на Аца Лукас и девојки кои со бунда одат на Водно
Развојот на технологијата и новото време носи потреба од се што се случува во животот да се сподели на социјалните мрежи. За жал многу повеќе живее за другите, а многу помалку за себе. Многу е поважно кога јадеш нешто да се сликаш и да изгледа убаво и здраво, а помалку важно е да е вкусно. Се надевам ќе се согласите со мене дека социјалните мрежи ни наметнаа живот кој е по мерка на другите.
Многу сакаме да ги следиме светските трендови, да правиме тоа што е модерно и популарно.Буквално сме први за тоа. Но, ако џез е модерно, тогаш Аца Лукас е селски. И многу повеќе селски е штиклите да си кршиш за камењата на Врв на Водно – само да се фотнеш за убава слика на инста.
Скопје е град во кој има една група на луѓе кои во потрага по шема и популарност можеш да ги видиш на најголемите џез настани, но истите тие ликови лудуваат до сабајле слушајќи го Аца Лукас и сличните како него. Па фрчат фотки, видеа и чекинзи по снепови и инста шерови. Тоа е шемата во Скопје. Не е малку чудно да слушаш џез, да се журкаш на познати диџеи и истовремено да сечеш вени на Цеца во Венеција?
Да и Скопје е град во кој има одредена група скопски девојки кои со бунди и шткли, нашминкани одат на Водно, па таму позираат се сликаат и прават селфи. Водно е за спорт, забава, релаксација и уживање. Се надевам дека токму ти не се таква девојка.
Извор: skopjeinfo.mk