Македонија

Командат Нацист се заканува: АРМ наскоро ќе се соочи со нашите борци кои се распоредени на Шара

Командант Нацист се обрати до албанските медиуми и испрати порака до претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов  кој вчера изјави дека АРМ е подготвена, објави TETOVA1.MK

– „АРМ наскоро ќе се соочи со нашите борци кои се добро подготвени. 80 борци се распоредени на Шара, и наскоро ќе ги ослободиме териториите на етничките Албанци за да ја прогласиме Република Илирида“, порачува командант Нацист од УЧК.

Љирим Јакупи предводеше криминално-терористичка група која во Бродец беше елиминирана од македонските специјалци, а тој ранет побегна на Косово. Командант Нацист е еден од најбараните терористи и има извршено напади во Косово, побегнато од затворот Дубрава, а побегнал и од Тетово во минатото.

Засега нема потврда дали лицето кое се претставува како командант Нацист навистина е Љирим Јакупи, но тврди дека се обраќа во име на УЧК група Тетово. Се чека и на реакција на македонските безбедносни служби за проценка дали оваа закана е реална, но досега веќе имало слични закани за кревање на Илирида или напади врз војската и полицијата од екстремни поранешни припадници на УЧК и АНА

Поврзани вести

Back to top button