Од утре врнежи од снег во Македонија

Објавено: сабота, 2 јануари 2016 во 13:54
Spread the love

Од утре Македонија ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот што ќе предизвика променливо облачно време со повремени врнежи од снег.

Во јужните делови врнежите наместа ќе бидат од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Во западните делови наместа се очекува да се формира снежна покривка од околу 25 сантиметри.

Во следните денови Управата за хидрометеролошки работи најавува променливо облачно време со повремени врнежи од врнежи од дожд со променлив интензитет. Повремено интензитетот на врнежите ќе биде обилен. На некои повисоки места и на планините ќе има врнежи од снег.