Бизнис

САД и должат 88 милијарди долари на Русија

Вкупно 88 милијарди долари е вредноста на долговите кои САД ги имаат према Русија. Ова го покажуваат податоците од месечниот извештај на американското Министерство за финансии за ноември 2015 година. Збирот се однесува исклучиво за американските државни обврзници, откупени од Москва.

rusija

Во исто време, сепак, извештајот покажува дека во последната година руските инвестиции во должничките хартии од вредност издадени од САД, се намалуваат за 20 милијарди долари. Додека во ноември 2014 година, Вашингтон и должел на Москва 108 милијарди долари, тогаш 12 месеци подоцна износот веќе се намалил до предметните 88 милијарди.

Според документот на американското Министерство за финансии руските инвестиции во US државни обврзници се стегаат меѓу декември 2014 година и мај 2015 година, пренесоа REGNUM. За последниот месец за кој во моментов има податоци – ноември 2015 година, Русија вложила 6 милијарди долари во американски државни обврзници.

Во листата на инвеститорите во US обврзниците, Русите се рангираат на 15-тото место. Првото место го држи Кина. Во ноември 2015 година Пекинг има инвестиции во износ од 1,264 трилиони долари. Освен тоа Кинезите, за разлика од Русите, за последната година ги зголемуваат инвестициите во американски државни обврзници.

Поврзани вести

Back to top button