ЗАСТРАШУВАЧКО ВИДЕО: Треба да го погледнат сите кои објавуваат фотографии од своите деца
Застрашувачката кампања „ShareWithCare“ прикажува мало девојче кое се претвора во возрасна жена благодарение на вештачката интелигенција. Кампањата има за цел да ги предупреди и покани родителите да не објавуваат или споделуваат фотографии и видеа од нивните деца на социјалните мрежи.
Кампањата ја покрена компанијата Дојче Телеком и објавеното видео стана вирално предупредувајќи на можните последици од т.н. „споделување“, односно споделување слики на деца од горди родители.
Видео објавено како дел од кампањата на Дојче Телеком покажува како вештачката интелигенција (ВИ) може да се користи за лесно манипулирање со фотографијата на детето. Приказната за Ела, деветгодишното девојче, е претставена за да се прикажат можните негативни последици од споделувањето фотографии и видеа од деца на Интернет. Можностите се прилично застрашувачки.
Фото и видео: Пословни.хр и принтскрин