Свет

Заканувачки од Вашингтон: “Ова е годината во која ќе ги победиме Русите”

Се поголеми се притисоците над американскиот претседател Доналд Трамп, да го заостри својот став кон Русија и Владимир Путин. Последен од таквите доаѓа од “домашната екипа”, од редовите на Републиканската партија, поточно од сенаторот Линдзи Греам.

Сенаторот со потпретседателот Мајк Пенс и шефот на Пентагон Џејмс “Лудо куче” Матис, бил дел од американската делегација на безбедносната конференција која била одржана минатиот викенд во Минхен,од каде порачал дека “2017” ќе биде година на “запрашување на руските задници”, пренесува британски Express.

“Ако сте загрижени дека ќе заборавиме што направија Русите на нашите избори само затоа што победија Трамп и Републиканската партија, ве уверувам дека причина за грижа нема. Ветувам дека Конгресот на САД темелно ќе го истражи руското мешање во нашите избори, за виде да бидете подготвени кога ќе дојде ред на изборите во вашите држави”, порачал сенаторот.

Греам предвидел дека нови санкции против Русија би поддржале 75 од 100 сенатори, а целта е санкциите да се стават пред Трамп и да го принудат да го заостри ставот кон Кремљ.

“Покрај санкциите поради Крим, ќе им воведеме нови санкции, за мешање во внатрешните работи на САД. Ќе гласаме за тоа, и резултатот ќе му го покажеме на претседателот, тоа е мојата цел. Сметам дека тој, како лидер на слободниот свет, мора да соработува со нас за да ја казниме Русија”, рекол сенаторот Греам.

Потоа се свртел кон канцеларката Меркел, и пратил порака до Германија.

“Порака до нашите германски пријатели, вие сте следни. Пријатели во Франција, Русите доаѓаат и по вас. А на мојот пријател, господинот Лавров, му порачувам дека се надевам дека Русија конечно ќе ги сноси последиците од тоа што го прави на демократијата. 2017. година ќе биде година на запрашување на руските задници”, остро рекол Греам.

Некои европски земји се заложуваат за дополнително зголемување на санкциите за Русија, додека претседателот на САД, Доналд Трамп, истакнал дека до тоа нема да дојде, односно дека ќе се обиде на друг начин да разговара со Русите.

Поврзани вести

Back to top button