Избор на уредникотМакедонија

Вучиќ: Браќа Македонци, ние немаме билатерални проблеми!

Постои нешто што се гледа во односите меѓу Србија и Македонија. Браќа Македонци, ние немаме билатерални проблеми, решивме проблеми кои беа стари 50-60 години, истакна претседателот на Србија Александар Вучиќ на официјалното отворање на Самитот на „Отворен Балкан“ во Охрид.

Сакам да истакнам дека суштината на оваа иницијатива е да се формираат работни групи сега или на следионт состанок кој сакам да биде во јужна Србија, со што би се активирале владите да се надминат проблемите на целиот регион, проблемите со енергетската криза, финансиската и културната легислатива. Денеска потпишуваме договори за работните дозволи, развој на туризмот, здравството, образованието, истакна Вучиќ.

Поврзани вести

Back to top button