ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Со кабли за струја претепале дилер на дрога до смрт

Објавено: вторник, 16 февруари 2016 во 11:20
Spread the love

Проруските бунтовници во Украина извеле наводна егзекуција во стилот на исламистичките милитанти откако мачеле и претепале дилер на дрога за кој се верува дека умрел од тепањето, пренесува Дејли мејл.

Казната била извршена во градот Комунар во Доњецката област, во јужна Украина, која е под контрола на проруските бунтовници. Шокантното видео од мачењето на дилерот веднаш стана хит на интернет.

Во него се гледа како човек врзан за дрвен столб моли за својот живот додека е камшикуван со електрични кабли. Неговиот грб е раскрвавен, што сугерира дека бил камшикуван подолго време пред да биде снимено видеото.

Глас во заднината на снимката вели: „Е*еното снимање почна. Ова е казната за дилерот на дрога“.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: