Uncategorized
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Mајка го убива човекот кој сакаше да го киднапира нејзиното дете
Во саботата во центарот на Сао Паоло, Бразил, имаше обид за киндапирање на дете, но напаѓачот не знаеше дека мајката на детето е припадник во полициските редови на Бразил.
Напаѓачот Еливентон Нивес Мориера (21) наиде на полицајката Силва Састра (42).
Кога Еливентон го насочи оружјето кон децата и мајкта, таа од ташната го извади службениот пиштол и стрелаше три пати во киндаперот. Повредениот напаѓач падна на улицата, испука два куршуми и конечно се предаде.
“Напаѓачот пукаше еднаш, но беше непрецизен. Кога се обиде да пука по втор пат, пиштолот заглави. Фала му на Бога што таа беше брза, бидејќи кога напаѓачот сфати дека пред него има полицаец, тој пукаше за да убие”, изјави Андре Алвес, сопругот на Силва, исто така полицаец.