Живот

Водителката Ана се соочува со најтешката битка во животот – Од секогаш се плашев од ракот…

Познатата српска водителка Ана Михајловски во септември оваа година се соочи со најтешката битка во својот живот.

Откако на водителката и беше дијагностициран рак на дојката веднаш се оперираше, а за искуството прв пат си ја отвори душата за српските медиуми.

-Пред се сакам да нагласам дека во мојот случај јас не сакам себе си да се ставам во прв план, бидејќи тоа би било навреда за сите жени кои преживуваат многу поголеми проблеми и живеат со нив. Не сум човек кој прави прегледи на себе, па поради тоа упатувам совети жените редовно да го прават тоа за да бидат во тек со своето здравје. Јас сосема случајно направив преглед и веднаш заминав на лекар, вели Михајловски.

Таа потенцира и дека ракот и е нејзин најголем страв во животот.

-Веднаш заминав на операција, а не ми требаше ниту поддршка, бидејќи не сум класична жена и се надевам нема никој да ми замери за тоа. Сепак најголемата поддршка ја добив од моите пријатели, во болница поминав три дена, а кога излегов ме пречека кумот, вели Ана.

Таа додава и дека туморот морало веднаш да се отстрани, а докторите ја увериле дека повеќе се е во ред со неа и со нејзиното тело.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button