Бизнис

Во Црна Гора се бараат работници – Некои плати достигнуваат и до 1.500 евра

Работодавците во Црна Гора оваа година во Заводот за вработување пријавиле 20.015 слободни работни места, од кои 18.316 позиции се на одредено работно време. Повеќе од половина, или околу 60 отсто се однесуваат на приморските општини. Најмногу слободни работни места се огласени во туризмот и угостителството, административни и помошни услужни дејности и трговија на големо и мало, пишуваат Викенд новини.

Сезонската работа подразбира работен ангажман на ограничен период.

„Сепак, од искуствата со работниците и работодавачите знаеме дека дел од работниците ќе останат и по завршување на сезоната и ќе склучат договор на неопределено време. Познато е дека од година во година расте бројот на работодавачи, се отвараат нови хотели, ресторани, што секако повлекува и нови вработувања. Иако намерата е да се продолжи туристичката сезона од 6 на 8 месеци, сепак значаен број угостители и хотели успеваат да работат цела година“ – велат од Заводот за вработување.

Најслаб интерес има за работа во земјоделство. Условите за работа се тешки, па затоа повеќето Црногорци бираат да работат на Приморјето. Според податоците, во Црна Гора се ангажирани 6.000 домашни сезонски работници.

Заработката на работниците на сезонските работни места се разликуваат и зависат од повеќе фактори, пред се за каква раотна позиција се работи. Голем дел од готвачите земаат околу 1.500 евра плата и нивната заработка е поголема од онаа на келнерите, пица мајсторите, пекари, слаткари…

Заработката зависи и од работодавецот. Некои на собарките им нудат 200 евра со сместување и храна, додека некои пак, за истата работа нудат плата опд 400 евра, плус три оброци и сместување.

Поврзани вести

Back to top button