Владетелите од сенка одлучиле: Tрамп не смее да стане претседател
Неделникот „Економист“ за кого се вели дека е глас на елитата објави текст во кој се наведува дека Доналд Трамп не смее да постане претседател. Во текстот се наведува дека постои загриженост дека Трамп би можел да ја победи Хилари Клинтон доколку САД бидат повторно зафатени од економска криза.
Во текстот понатаму се наведува дека Трамп станал популарен постојано говорејќи за омраза и насилство, што го прави непогоден за водство на една од најсилните политички партии во светот.
Неделникот „Економист“ е во сопственост на банкарското семејство Ротшилд, кој поседува 50 проценти од неговите акции и поради тоа тие премногу влијаат врз уредувачката политика.
Последната статија само укажува на тоа колку неолибералната глобална елита е уплашена од тоа дека Трамп би можел да стане новиот претседател на САД.
Редовниот член на „Билдерберг групата“Мартин Волф неодамна изјави дека елитата мора да го спречи Доналд Трамп да победи. – Популистите не смејат да победат таа приказна завршува премногу лошо, напишал Волф.
Америка е основач на глобалниот либерален поредок. На светот му е очајнички потребно доброто водство на САД, Трамп не може тоа да го постигне, вели тој.
Истовремено Шеесет републикански експерти за надворешна политика лиферуваа писмо во кое ветуваат дека ќе му се спротивстават на Доналд Трамп и велат дека неговите предлози ќе ја поткопаат американската безбедност, пренесуваат британските медиуми.
Изјавите на Трамп не тераат да заклучиме дека, доколку стане претседател, тој власта ќе ја искористи за да дејствува на начин кој САД ќе ги направи помалку безбедни и тоа ќе ја намали нашата репутација во светот, се наведува во писмото.
Освен тоа, неговото гледање за тоа како треба да се користи претседателската власт против неговите критичари, раѓа одделна закана за граѓанските слободи во САД, се дополнува во документот на експертите.
Писмото го потпишале поранешниот претседател на Светската банка и заменик државен секретар Роберт Зелик, поранешниот американски министер за внатрешна безбедност Мајкл Чертоф, потоа Дов Закхејм, високо позициониран претставник на Пентагон во времето на претседателот Џорџ Буш-помладиот и други.
За пишувањето на писмото придонел Елиот Коен, советник на поранешниот американски државен секретар Кондолиза Рајс, наведуваат извори запознати со ставот на експертите.
Во писмото се отфрлаат редица изјави на Трамп, меѓу кои и неговите антимуслимански коментари, неговото барање Мексико да го финансира градењето ѕид за поголема контрола на илегалната имиграција, како и неговото инсистирање Јапонија да плаќа повеќе за безбедносната помош што ја добива од Америка.
Многу американски политичари стравуваат дека доколку Трамп стане претседател тој може да ги откаже меѓународните трговски спогодби и да ги заостри односите со традиционалните американски сојузници. Многумина стравуваат и дека Трамп ќе ја демонстрира желбата потесно да соработува со рускиот претседател Владимир Путин.
Трамп, исто така, ја критикува Републиканската партија заради нејзината поддршка за инвазијата на Ирак во 2003 година.
-Повеќе го претпочитам Ким Џонг-ун, отколку Трамп. Мислам дека Трамп е поопасен од Ким, изјави Макс Бут, советник за надворешна политика во кампањата на републиканскиот кандидат за претседател на САД, Мит Ромни, во 2012 година. Бут, исто така, е еден од експертите кои се потпишаа под писмото.