Uncategorized

(ВИДЕО) Земјата се помести за 23 см по земјотресот во Италија

Сателитите “Сентинел” на EKA (Европска вселенска агенција) го мапираа за движењето на земјината површина за време на земјотресот во Италија, соопшти BBC.

Податоците покажаа разместување од 23 сантиметри, додека 20 километрската пукнатина се движела на Апенините ноќе во средата минатата недела.

Научниците ќе ги користат информациите за да разберат што подобро што го предизвика земјотресот со интензитет од 6,2, и зеде над 300 жртви. Најмногу е засегнат градот Аматриче, но повредени се исто така Арката, Акумоли, Пескара дел Тронто.

Картата е направена од набљудувањата на сателитите пред и по земјотресот. Поместување на земниот слој е во 25-километарски елипсовиден регион меѓу градовите Норча и Аматриче.

Пукнатината е долга околу 20 километри, оценета како средно фрустрирачка и е во длабочина е околу половина метар. Поголемиот дел од лизгањето била во длабочина, сосема малку од поместување достигнало до површината. Поместувањето е концентрирано во два дела.

Тоа значи дека најверојатно пукнатини имало по два одделни сегменти на пукнатината. Сателитите “Сентинел” 1а и “Сентинел” 1b ја обиколуваат Земјата, и ја снимаат целата суша барем еднаш на шест дена. Брзото враќање над одредено место значи дека тие можеле да направат мерења над централна Италија уште во петокот по земјотресот, а потоа и во саботата.

 

Поврзани вести

Back to top button