ВИДЕО: Заплакаа светците: Мироточат 59 икони во овој манастир

Објавено: среда, 16 декември 2015 во 15:33
Spread the love

Монасите секој ден собираат солзи од иконите во овој манастир на Руската православна црква која се наоѓа во Астраханската област.

Монасите од овој манастир известија дека иконата на Светите Царски Маченици била облеана со миро на 22 јуни, а потоа една по друга „заплакале“ и другите икони.

Во овој момент во манастирот мироточат 59 икони. Монасите ги собираат „солзите“ од иконите и ги испраќаат во Кананската црква.

ikonamirtoci2

Се верува дека мирото им помага на верниците да ги излекуваат различните болести.

„Можно е да ни дојдат промени или серозни искушенија, и дека Господ на овој начин ја засилува вербата на луѓето во верата. Постојат и толкувања дека иконите почнуваат да мироточат таму каде што луѓето изгубиле верба во Бода па тој им испраќа такви знаци, смета монахот Митрофан.

ikonamirotici3