Uncategorized

ВИДЕО: Во Белград уништена бомба од 500 килограми

Припадници на српската деминерска единица денеска изведоа контролирана експлозија на бомба заостаната од Втората светска војна, тешка 500 килограми.

Бомбата беше откриена на длабочина од 10 метри за време на градежните работи на проектот „Белград на вода“. Таа содржеше 250 килограми хемиски експлозив, поради што беше невозможно нејзино физичко дислоцирање.

Неутрализирањето на бомбата траеше десетина минути, а пред експлозијата како предупредување се огласија и сирените за воздушна опасност.

Властите уште претходно ги посоветуваа станарите на зградите кои се наоѓаа на растојание до 400 метри од местото на бомбата да ги спуштат ролетните, да ги затворат прозорците и да стојат подалеку од нив.

Српските медиуми објавија дека ефектите од експлозијата биле почувствувани во радиус од 500 метри од местото на кое се наоѓала бомбата.

Српскиот сезимолошки институт соопшти дека неговите четири мерни станици во околината на Белград при експлозијзата регистрирале потрес на земјиштето со просечен интензитет од 1,3 степени според Рихтеровата скала.

Српските власти информираа дека при експлозијата на бомбата не биле регистрирани никакви последици по животите и имотот на граѓаните.

Поврзани вести

Back to top button