ВИДЕО: Верувале дека злото е измислено – Американска двојка убиена од Исламска држава
Своето патување го бележеле на Инстаграм, а минале и низ Македонија, Хрватска и Албанија, и уште 10 земји, додека не стигнале до Таџикистан. Тука минале неколку дена и правеле повеќе паузи отколку што очекувале, бидејќи теренот е многу тежок за минување со велосипеди.
Како што за време на своето патување потврдиле за Њујорк тајмс, тргнале со отворено срце и сретнувале прекрасни луѓе, кои биле спремни да им помогнат и да се дружат со нив.
„Ако читате весници веројатно ве навеле да верувате дека светот е едно големо, страшно место. Не верувајте на она што го пишуваат, дека луѓето се лоши и зли. Злото е концепт кој е измислен само затоа што не можеме да се соочиме со луѓето кои имаат поинакви вредности и верувања. Луѓето се љубезни и прекрасни“, напиша Џеј на својот блог.
За време на возењето на 29 јули ги престигнал автомобил од кој излегле петмина припадници на Исламска држава и ги убиле. Со нив настрадале и двајца велосипедисти од Швајцарија и Холандија, пренесува
Два дена подоцна тоа го потврдија и припадници на екстремистичката организација, кажувајќи дека убиле „неверници“.
Голем број медиуми врз основа на инстаграм постовите ја конструираа целата приказна околу Остин и Гејган, наведувајќи дека всушност биле на мисија за докажување дека светот е прекрасно место и дека биле на територијата на Исламска држава за тоа да го докажат, за што нема никакви докази освен постови извлечени од контекст.