Uncategorized

ВИДЕО: Уловена најголемата змија во светот

Новиот документарец на „Би-би-си“ ни ја открива најдолгата змија на светот, која е пронајдена во Амазонија.

Во првата епизода на серијата „Tribes, Predators and Me“, водителот Гордон Бјукенон им се придружил на членовите на племето Ваорани во Еквадор во потрага по анаконди, најголемите змии на светот. Анакондата којашто ја уловиле е долга повеќе од 5 метри, и со самото тоа е најдолгата змија некогаш пронајдена.

Ова е најопасното животно во Амазонија, но Ваораните веруваат дека им дава голема спиритуална моќ. За мажите во племето Ваорани, фаќањето и пуштањето на анакодна е демонстрација на храброста.

На територијата на племето се извршува и истражување на нафтата, па научниците ги анализираат анакондите за да видат колкави се ефектите на загадување.

Поврзани вести

Back to top button