Свет

(ВИДЕО) Улична војна во Холандија: Протест на граѓаните против мигрантите

На масовниот антимиграционен собир во малиот холандски град Хеш избија вчера судири бидејќи полицијата почна да растерува околу 1000 учесници на маршот против отворањето на бегласкиот центар во тоа место.

Демонстрантите излегле на улиците во моментот кога претставници на состанокот во зградата на локалната управа разговарале за плановите за сместување околу 200 бегалци во наредните 10 години, пренесува Раша тудеј.

Протестите почнале мирно околу 18 часот а демонстрантите носеле транспаренти со слоганите како што се „Запрете ги азиските бесмислици“ , марширајќи кон зградата на градската управа која на крај ја гаѓале со јајца. Некои активисти се обиделе да упаднат во седиштето на градската управа, поради што претставниците морале да го прекинат состанокот и да се евакуираат од зградата.

Демонстрантите исфрлале огномет и светлечки ракети на полицајците кои се обиделе да ги растераат.Судирите избиле неколку часа бидејќи екстремно десничарскиот политичар Герт Вилдерс побарал машките муслимански мигранти да се заклучат во азилските центри со што би се спречил напад на Холанѓанки, како што беа нападите во Келн.

Антимиграционо настроените активисти сериозно ја сфатиле видео пораката на лидерот на Слободарската партија и брзо организирале собир по пат на Фејсбук.Демонстрантите тврдат дека бројот од 500 баратели на азил е висок за град од околу 12.500 луѓе и ги повикуваат властите да се откажат од плановите за сместување на бегалци.


Поврзани вести

Back to top button