Ставила појас на невиност, па го изгубила клучот

Објавено: вторник, 19 јануари 2016 во 11:48
Spread the love

Новогодишната одлука за чедност за една 40-годишна Италијанка од Падова се претвори во вистинска ноќна мора. Откако го изгубила клучот од појасот за невиност, морала на помош да ги повика пожарникарите.

Во паника, таа ја повикала најблиската пожарникарска станица, но веднаш не им објаснила за што се работи, туку им рекла дека ги загубила клучевите од станот, пишува весникот Матино ди Падова.

Дури кога дошле до нејзината куќа, пожарникарите сфатиле дека проблематичната брава не се наоѓа на влезната врата, туку под облеката на дамата, во нејзиното меѓуножје.

Работата брзо е решена со сечење на интимниот катанец, а како свесни професионалци, пожарникарите ја испрашале жената дали била жртва на насилство и била принудена да го носи железниот појас.

Таа на тоа им одговорила дека само сакала себеси да се принуди на сексуална апстиненција.