ВИДЕО: Страшна тепачка помеѓу мигрантите и „одмаздниците“

Објавено: недела, 17 април 2016 во 14:25
Spread the love

Единицата за разбивање на демонстрации морала да интервенира по конфликтот на мигрантите и група на “одмазници“ во близина на париската метро станица Стаљинград.

На оваа станица во тешки услови живеат неколку илјади мигранти.

Инцидентот започнал кога група “одмазници“ започнала да ги тепа со метални шипки и дрвени мотики, а насилството кулминирало кога истите почнале да ги гаѓаат мигрантите кои поголемиот дел се дојдени од Африка и Блискиот Исток.

Полицијата користела солзавец за да ја растера масата, а уапсен е и пијан маж за кој се смета дека го започнал нередот.

Најмалку 4 мигранти се повредени во конфликтот.