Свет

(ВИДЕО) Сопругата на Ердоган пие чај од 1800 евра, а за едно попладне потрошила 37.000 фунти

Сопругата на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, Емина Ердоган за себе вели дека е скромна и штедлива жена, но многу фотографии ја демантираат.

Но, таа опсесивно троши пари и сака да купува скапа облека, антиквитети, скапи чевли.

Додека Ердоган води разговори за мигрантската криза, за неа го затвораат шопинг центарот за да купува на мира.

Тоа го направила во Брисел каде 5 часа купувала, а за неа сообраќајот бил блокиран на еден час.

Во Варшава за едно попладне на саем за антиквитети потрошила 37.000 фунти.

Во Грција купила седум чифта чевли за кои платила 850 евра.

Во Хрватска купила 30 јајца, 30 килограми пилешко, пашко сирење и многу овошје и зеленчук.

Таа и сопругот пијат чај од 1800 евра. Медиумите во Турција се обидуваат да го „испеглаат“ нејзиниот имиџ и да ја прикажат како штедлива домаќинка.

Тие живеат во огромна куќа за која годишно за струја плаќаат 5 милиони евра.

Ердоган е еден од најплатените лидери во светот, а заработил и со вложување во недвижнини.

Поврзани вести

Back to top button