Напаѓач со нож во петокот нападнал и повредил неколку луѓе на плоштад во југозападниот германски град Манхајм, соопшти полицијата. Полицајците пукале во напаѓачот, кој исто така е повреден.
Полицијата соопшти дека инцидентот се случил нешто по 11:30 часот. Тие рекоа дека не можат веднаш да дадат информации за тежината на повредите.
Според германските медиуми, во нападот бил повреден десничарскиот активист и антиисламски критичар Михаел Штурценбергер.
„Билд“ пишува дека Штруценбергер бил прободен со нож во пределот на вратот.
Како што пишува весникот, набргу по нападот, случајни минувачи се обиделе да го спречат напаѓачот, но тој се ослободил и нападнал полицаец, задавајќи му нож во грбот. Друг полицаец потоа го застрелал напаѓачот.