ВИДЕО: Сите жртви од нападот во Лондон се муслимани – напаѓачот викал „Сакам да ги убијам сите муслимани“
Објавено:
понеделник, 19 јуни 2017 во 13:26
Сите жртви од нападот што се случи покрај џамијата во лондонската населба Фајнсбури Парк се муслимани, изјави претставникот на противтерористичката единица на лондонската полиција Нил Басу.
– Инцидентот ги има сите карактеристики на терористички акт – нагласи Басу. – Сè уште не е познато дали смртниот случај покрај џамијата е последица од нападот со комбито и кои се мотивите за нападот – додаде тој.
Комби, управувано од 48-годишен маж, удри во толпа луѓе што заминувале од џамијата по ноќните молитви. Сведоците велат дека напаѓачот викал „Сакам да ги убијам сите муслимани“.
При нападот загина едно лице загина а десетмина се повредени.