Живот

Видео: Што се случува со телото кога не одите во тоалет?

Морате итно во тоалет, но го чекате тој последен момент само да напишете порака, да ја подгреете храната, да завршите некоја работа…

Колку е штетно да ја задржувате урината? Како тоа се одразува на вашиот организам?
Во суштина не е опасно, се додека тоа не го правите пречесто. Возрасно лице може да задржи половина литар течност, додека не дојде до моментот навистина да мора да оди во тоалет.

Сепак, ако постојано ја задржувате урината, може да дојде токму до состојба која се нарекува уринарно задржување, кога не сте во можност целосно да ја испразните бешиката.

Тогаш се ослабени ѕидовите на бешиката, што може да биде подлога за бројни бактерии. Така доаѓа и до чести воспаленија и уринарни инфекции.

Во ретки случаи, бешиката може и да пукне. Меѓутоа, тогаш таа е веќе значително оштетена.
„SciShow“ претставува и интересно и едукативно видео.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button