Uncategorized

ВИДЕО: Селото немаше црква и затоа Русин со голи раце ја направи од снег

Сибирското село Сосновка немаше црква се додека оваа зима еден Русин не ја направи од снег.

За градење на објектот му биле потребни 12 кубни метри снег.

Александер Батјотин ја градел црквата цели два месеци, а работел дури и кога биле температурите -30 степени.

Вели дека не било тешко да се изгради црквата, но повеќе труд бил потребен за обликување на олтарот, и за крстот на покривот.

Жителите додаваат дека оваа црква многу им значи „иако е привремена“.

Поврзани вести

Back to top button