Свет

ВИДЕО: Се остварија предвидувањата на Трамп – Мигрантите направија вистински погром

Мигранти направија  вистински погром во Шведска. До судирите дошло во предградие на Стокхолм, каде живеат претежно странци. Според соопштението на полицијата во Стокхолм, во немирите учествувале десетици мигранти. Властите не можеле да го погодат точно бројот, повикувајќи се на фактот дека странците доаѓаат и си одат.

Судирот почнал доцна во понеделникот во една од станиците на Стокхолмската метро, каде во овој момент полицијата спроведува операција за апсење на осомничен, соопшти руската секција на BBC.

Полицајците биле принудени да направат неколку предупредувачки истрели во воздух, откако мигрантите почнале да фрлаат камења по нив.

Два часа подоцна во соседниот регион непознати запалиле десетици автомобили и ограбиле неколку продавници, искршиле стакла .

До судирите во Шведска дојде точно два дена откако претседателот на САД Доналд Трамп предупреди дека ќе има сериозни проблеми со мигрантите во Шведска:

“Погледнете што се случи во Германија, погледнете што започна да се случува во Шведска. Во Шведска, кој би можел да го дозволи тоа! Тие беа многу, и почнаа да имаат проблеми, кои дури и не би можеле да ги замислат “, изјави американскиот лидер.

Зборовите беа на потсмев за  многу луѓе. Никој, вклучувајќи го и поранешниот премиер на Шведска не сфатиле што точно предвидел Трамп.

Според официјалната информација Шведска, која има население од 9,5 милиони луѓе, прифатила околу 200 илјади мигранти последниве година дена.

#Коментари

ОСТАНАТИ ВЕСТИ ОД ОВАА РУБРИКА:

(Измени)

Коментари

0 коментари

Поврзани вести

Back to top button